Синоќа околу полноќ на улица “Бледски Договор” од страна на К.П.Р.(34) од Скопје нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување на јавно место во алкохолизирана состојба.
На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници при што лицето започнало да упатува погрдни и навредливи зборови кон полициски службеник.
Лицето е пренесено во Психијатриска болница Бардовци – Скопје. Се работи на расчистување на случајот.