Хроника 22. декември 2020. / 10:05

Улични кучиња го растргнаа белиот паун од храмот „Св. Архангел Михаил“

Улични кучиња го растргнаа белиот паун од храмот „Св. Архангел Михаил“

Белиот паун Белан кој го красеше дворот на храмот „Свети Архангел Михаил“ во населба Автокоманда беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот, а Белан бегајќи прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња.

– Нашиот домаќин веднаш реагирал, но за жал било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов, замолуваат од храмот „Свети Архангел Михаил“.

Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на храмот имаше зајачиња, шатки, пауни, гулаби, коковчиња, дукатки и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби.