Хроника 24. јануари 2021. / 17:50

Украдени пари од црква во с. Радожда

Украдени пари од црква во с. Радожда

Разбојници провалиле во црковен објект и ја испразниле касата.

И.П.(41) од струшкото село Радожда вчера во Полициска станица Струга пријавил дека во временски период од 14.30 до 15 часот во црквата „Света Недела“ во село Радожда непознати сторители влегле во црковниот објект и од метална каса одзеле пари.

Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени се одземените пари кои се предадени на одговорно лице во црквата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.