Хроника 20. јануари 2021. / 12:53

Украдени капаци од шахти на неколку улици во Скопје

Украдени капаци од шахти на неколку улици во Скопје

Во текот на минатата ноќ, на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и на ул. „Карпошово востание“ во Скопје, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Оттаму велат дека случајот е пријавен во полициската станица Карпош и дека капаците ќе бидат заменети во најбрз можен рок.

Сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци и решетки од улиците бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и на учесниците во сообраќајот, објавија од „Водовод и канализација“ на својата фејсбук-страница.