Хроника 10. април 2019. / 17:20

Украдени 200 литри нафта од булдожерот кој чисти снегот во Маврово

Украдени 200 литри нафта од булдожерот кој чисти снегот во Маврово

Екипите на „Македонија пат“ го расчистуваат снегот од Маврово кон Галичник, каде за да се пробие патот тие направија тунел од натрупаниот снег.

Од месната заедница Галичник, пак, на Фејсбук објавија дека во текот на ноќта од булдожерот со кој се расчистува патот биле украдени 200 литри нафта и бил оштетен системот за довот на гориво.

Случајот е пријавен во полициската станица Маврово и направен е увид и записник за штетата.