Хроника 26. октомври 2020. / 16:48

Украден сеф со пари од спортска обложувалница на Бит-пазар

Украден сеф со пари од спортска обложувалница на Бит-пазар

Рано утринава, околу четири часот по полноќ, во скопската полиција била пријавена тешка кражба на подрачјето на Бит-пазар.

Според пријавата, насилно било влезено во спортска обложувалница и бил одземен сеф со пари.

Полицијата работи на расчистување на случајот.