Хроника 17. јануари 2021. / 10:45

Угостителски објект во тетовско работел по дозволеното време, затекнати 29 лица

Угостителски објект во тетовско работел по дозволеното време, затекнати 29 лица

Вчеравечер (16.01.2021) околу 21.30 часот, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од ова село, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица, информира МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.