Хроника 09. јули 2018. / 13:22

Убијците на комитата Никола Саздовски, ќе одговараат за „насилство“

Убијците на комитата Никола Саздовски,  ќе одговараат за „насилство“

Основното јавно обвинителство сеуште е во фаза на прибирање докази во врска со овој настан, иако за приведување на одредени лице истите се комплетирни. Случајот сеуште се води согласно членот 386 став 3, во врска со став 6 и став 1, според кои напаѓачите се виновни за насилство.

Имајки во предвид дека 21 годишниот Никола Саздовски утринава им подлегна на повредите, во понатамошната постапка од ОЈО велат дека ќе ја разгледуваат можноста напаѓачите да бидат гонети за потешко дело убиство, односно правната квалификација сеуште не е сменета.

Сега починатиот Никола Саздовски, на 29 Јуни на автобуска станица во Автокоманда, бил пресретнат од група млади луѓе кои физички го нападнале, по што истиот заврши на интензивна клиничка нега. Од тројцата осомничени, двајца се веќе приведени.