Хроника 26. јули 2019. / 14:45

Убиецот на Мартин Нешковски една година е на слобода

Убиецот на Мартин Нешковски една година е на слобода

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов не е в затвор затоа што се лекува, потврдуваат за Канал 5 од Управата за извршување на санкции.

Според информациите тој е на лекување речиси една година. Судот му го продолжувал отпустот во неколку наврати.

Прекинот на казната му е одобрен од судијата за извршување на санкции во истиот суд кој е надлежен според местото на живеење, а причината е неговата здравствена состојба, додаваат од управата за извршување на санкции.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешкоски за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2011 година.