Полицијата од Прилеп привела три лица под сомнение дека се сторители на тешки кражби извршени во декември лани и јануари годинава со што се стекнале со противправна имотна корист од над 1,2 милиони денари.
Како што информираат од полицијата на 3 февруари 2021, по претходно преземени оперативни мерки а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
-Лицата се сомничат дека се извршители на две кривични дела “тешка кражба” извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари. По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица. Во текот на денешниот ден (04.02) лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица, стои во билтенот на МВР.