Хроника 05. септември 2020. / 13:30

Уапсени тројца дилери на хашиш и марихуана во голема полициска аакција

Уапсени тројца дилери на хашиш и марихуана во голема полициска аакција

Тројца дилери на хашиш и марихуана од селото Дебреште Општина Долнени синоќа се приведени во голема полициската акција, објави Канал 5.

Двајца од приведените со комбиња за превоз на патници пренесувале обработени и подготвени за продажба 33 килограми марихуана и 15 килограми хашиш.

Од страна на полицијата се пресретнати на патот Прилеп – Македонски Брод близу селото Ропотово.
Нивни соработник кој ја чекал пратката е забележан и приведен на улица во центарот на градот.
Акцијата се уште е во тек.

Приведените се во полициска станица и ќе бидат предадени на обвинителството и судот.

Подетални информации МВР ќе соопшти во текот на денот.