Хроника 08. август 2018. / 11:04

Уапсени се две лица при обид да ја напуштат земјата

Уапсени се две лица при обид да ја напуштат земјата

Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Табановце“ и на Скопскиот аеродром биле уапсени две лица барани од страна на полицијата.

Како што соопшти МВР, вчера во 6.40 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето З.Ј. (23) од с.Слупчане, општина Липково, се наоѓа на „стоп листа“ за издржување казна затвор. Тој бил приведен и предаден на полициски служеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Исто така, вчера во 11.45 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето С.Џ.(39) од с.Арачиново, скопско, се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници за понатамошна постапка.