Хроника 08. јули 2019. / 22:08

Уапсени мажи од Тетово и Неготино, кои требале да издржуваат затворска казна

Уапсени мажи од Тетово и Неготино, кои требале да издржуваат затворска казна

На 07.07.2019 во 22:30 часот на улицa „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, врз основа на судска наредба, полициски службеници го привеле лицето Е.А.(28) од Тетово за издржување на казна затвор.

Тој бил предаден во Казнено-поправната устаница – Затвор Идризово Скопје за издржување на затворската казна. На 07.07.2019 година во 16:00 часот во село Неготино, врз основа на судска наредба, полициски службеници го привеле лицето Ф.С.(47) од село Неготино за издржување на казна затвор.

Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Тетово за издржување на затворската казна.