Вчераутро во Полициска станица Меџитлија, биле лишени од слобода Л.П.М. (39) и З.Л.Ф. (19) од Куба, кои истиот ден во близина на граничната линија во с. Драгош, битолско од полициски службеници од Граничната полиција биле откриени при обид илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С. Македонија и Р. Грција.
Истите биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.