Хроника 15. април 2018. / 21:00

Уапсена Србинка што крадела злато во Гостивар

Уапсена Србинка што крадела злато во Гостивар

Им доаѓала на гости, им крадела накит па го продавала низ златарници. 32 годишна државјанка на Србија заработи кривична пријава за сторени три кривични дела „кражба“.

Како што соопшти полицијата, осомничената делото го повторила дури трипати. Последен пат кога била и фатена на 9 април во Гостивар каде по пријава на сопственикот, златото било пронајдено а србинката била лишена од слобода.

На товар и се ставаат уште две дела во декември одн о0сно ноември лани кога својот плен таа го продала во златарници во Белград. Со извршените кражби пријавената предизвикала вкупна материјална штета од 570.000 денари.