Синоќа на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, при контрола и проверка, било констатирано дека М.З. (31) од Велес се наоѓа на листата со мерка „апси“.
М.З. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спроведување до Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.