Турски државјанин уапсен на граничниот премин „Деве Баир“ поради фалсификуван Зелен картон.
-На 24.09.2019 во 04.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на исправа – зелена карта, од слобода бил лишен С.Ј.(56) од Република Турција – велат од АМВР.
Тој управувал товарно моторно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки. С.Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.