Хроника 20. март 2019. / 10:58

Уапсен струмичанец на Меѓународен Аеродром Скопје

Уапсен струмичанец на Меѓународен Аеродром Скопје

На 19.03.2019 во 16.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето П.А.(34) од Струмица, се наоѓа на листата со мерка „А” (апси).

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.