Хроника 30. октомври 2019. / 10:39

Уапсен македонски државјанин за кражба на „мерцедес“ на Сицилија

Уапсен македонски државјанин за кражба на „мерцедес“ на Сицилија

Македонски државјанин, Бугарин и Швајцарец се уапсени од властите на Сицилија за кражба на луксузен автомобил, незаконско поседување оружје и фалсификувани клучеви за автомобили. Сите тројца биле дојдени од Швајцарија.

Според сицилијанските медиуми, станува збор за 52-годишниот Валентин Цветанов Виков, 29-годишниот Сани Усеини и 49-годишниот Маурицио Кочоло. Тие биле фатени од карабинерите на Џаре и Фиумефредо на Сицилија.

Локален жител, кој на лизинг купил луксузен „мерцедес“ класа А Amg ја информирал компанијата дека поради финансиски потешкотии повеќе не можел да го отплатува автомобилот. Затоа изразил подготвеност да го врати.

Но, карабинерите на Сицилија добиле сигнал од ќерката на сопственикот на „мерцедесот“ дека тројца мажи ја разбиле вратата на нивната гаража во Макија ди Џаре и откако го отвориле автомобилот, избегале со него. Карабинерите веднаш почнале со потера и успеале да ги фатат крадците по улиците на населбата.