Хроника 08. октомври 2020. / 19:50

Уапсен кавадарчанец поради повеќе кривични дела

Уапсен кавадарчанец поради повеќе кривични дела

Дваесет и петгодишен кавадарчанец е лишен од слобода вчера околу два часот, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Вчера околу два часот во Кавадарци, при извршување на тешка кражба на дрзок начин, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го фатиле и од слобода го лишиле Џ.А. од Кавадарци. Освен ова дело, во изминатиот период лицето е сторител на повеќе кривични дела, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.