Хроника 27. септември 2020. / 17:29

Уапсен Гостиварец баран со меѓународна потерница

Уапсен Гостиварец баран со меѓународна потерница

Гостиварец кој се барал со меѓународна потерница издадена од Хрватска е уапсен на граничниот премин Ќафасан на макеоднско-албанската граница кај Струга.

Граничната полиција, како резултат на засилените контроли и благодарение на соработката со Интерпол Тирана, идентификува и уапси, со цел екстрадиција, македонски државјанин со висок општествен ризик, баран со меѓународна потерница од хрватските правосудни органи, стои во соопштението од албанската полиција, пренсе МИА.

Се наведува дека е приведен Т.Ј. (35) од Гостивар кој на 26 август 2015 е осуден на 10 години затвор за кривични дела структурирана криминална група и производство и продажба на наркотици, но успеал да ја напушти Хрватска во 2018 година.

Јашари е уапсен при контрола на документите за влез на албанска територија. За понатамошно дејствување надлежен е судот во Подградец, кој ќе ја информира и Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Хрватска.