Полициски службеници по претходно добиени оперативни сознанија, вчера околу 13 часот во близина на селото Старо Лагово го уапсија Ф.Д. (46) од село Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“.
На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми.
По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен.
Против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство по документирање на случајот.