Хроника 16. ноември 2020. / 11:43

Уапсен албански државјанин со лажна италијанска лична карта на скопскиот аеродром

Уапсен албански државјанин со лажна италијанска лична карта на скопскиот аеродром

Рано утрово во 02.45 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“- Скопје од полициски службеници бил лишен од слобода Р.T.(33) од Р.Албанија, со фалсификувана италијанска лична карта.

При преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта со исти податоци, а по извршен разговор пријавениот изјавил дека италијанската лична карта е фалсификувана и дека ја купил од лице во Р.Албанија, информира МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.