Судот во Јапонија денеска го осуди на смртна казна мажот кој уби девет луѓе, откако ги контактирал на социјалната мрежа Твитер.
Такахиро Шираиши (30) познат како „Твитер убиец“, e уапсен во 2017 година откако полицијата трагајќи по 23-годишна девојка од Токио во неговиот стан пронашла делови од тела. Подоцна било утврдено дека и исчезнатата девојка е негова жртва.
Тој призна дека убил осум млади жени и еден маж, кој ги запознал преку Твитер. Шираиши ги намамил жртвите во неговиот стан, кои претходно на социјалната мрежа пишувале за суицидални намери.