Хроника 20. февруари 2021. / 12:45

Турски државјанин уапсен на скопскиот аеродром

Турски државјанин уапсен на скопскиот аеродром

Турски државјанин вчера бил уапсен на скопскиот аеродром, бидејќи приложил фалсификуван негативен ПЦР тест.

Вчера во 08:40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, за излез од Република С. Македонија, бил лишен од слобода О. Ј. (63) од Република Tурција поради постоење основи на сомнение дека приложил фалсификуван негативен ПСР тест, информира МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот Центар за Гранични работи Север за понатамошна постапка.