Хроника 25. декември 2018. / 16:14

Турски државјанин сакал да прошверцува накит вреден 450 илјади евра

Турски државјанин сакал да прошверцува накит вреден 450 илјади евра

При детален преглед на багаж на турски државјанин на царинската испостава Аеродром Скопје царинските работници открија и запленија златен накит со тежина од околу 400 грама со проценета вредност од околу 450 илјади евра.

Како што информира директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заплената е извршена на 18 декември годинава, а чекале да добијат проценка од вештак за биде објавена во јавноста, бидејќи станувало збор за многу луксузен накит.

-Против осомниченото лице од страна на Царинската управа е поднесена кривична пријава за сторено дело „криумчарење“, а судија на претходна постапка му одреди притвор во траење од 30 дена-информира Танасоски на денешната средба со новинарите.