Хроника 11. мај 2018. / 14:05

Турски државјанин почина во Скопје, паднал мртов на Партизанска

Турски државјанин почина во Скопје, паднал мртов на Партизанска

Вчера во 18.55 часот од страна на екипа на Итна медицинска помош е добиено известување дека интервенирале на булевар „Партизански Одреди“ каде имало починато лице.

Подоцна е утврдено дека се работи за Џ.Ч.(49) од Р.Турција, кој боледувал подолго време. Извршен е увид на местото на настанот.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.