Во 11 часот вчера во Полициското одделение Маврово, 74-годишниот С.Б. пријавил дека во населбата Маврови Анови, од страна на непознати лица, со употреба на физичка сила, од постаментите биле турнати две бронзени статуи од народните херои Чеде Филипоски и Злате Малакоски.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.