Хроника 15. октомври 2018. / 10:53

Турчин уапсен на граница

Турчин уапсен на граница

Поради основани сомнениа за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, доцна синоќа на граничниот премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен 45-годишен државјанин на Република Турција.

Тој управувал товарно возило „Рено“ и приколка со турска национална ознака, информираат од полицијата.

По приведувањето тој веднаш бил предаден на полициски службеници од полициска станица во Крива Паланка за понатамошна постапка.