Хроника 14. јануари 2021. / 11:23

Турчин со лажна лична карта се обидел да излезе од Македонија на скопскиот аеродром

Турчин со лажна лична карта се обидел да излезе од Македонија на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен предлог против 19-годишен државјанин на Турција, кој се обидел да излезе од државата на скопскиот аеродром со лажна германска лична карта.

– Обвинетиот, на 25.12.2020 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, пред овластени службени лица употребил лажна јавна исправа – германска лична карта на туѓо име, информираат од ОЈО.

Лицето се гони за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.