Хроника

Турчин пронајден мртов во куќа во гостиварското село Дебреше

Турчин пронајден мртов во куќа во гостиварското село Дебреше

Возрасен маж од Република Турција вчера околу 15:35 часот бил пронајден мртов во гостиварското село Дебреше.

Од полицијата информираат дека лицето е починато во куќа сопственост на 50 годишниот Ш.С.

-Од лекар при Медицинскиот центар Гостивар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, известуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.