Хроника 06. март 2021. / 18:10

Труп кој се распаѓа пронајден во близина на Бардовци

Труп кој се распаѓа пронајден во близина на Бардовци

Труп во фаза на распаѓање бил пронајден во канал на реката Лепенец кај село Бардовци.

На 05.03.2021 во 10,00 часот во СВР Скопје, З.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци, скопско, во близина на сепарација, во канал на реката Лепенец било пронајдено човечко тело кое било делумно распаднато.

Телото било извадено и по наредба на јавен обвинител е предадено на Судска медицина за обдукција.