Хроника 06. ноември 2018. / 17:25

Труење во мензата на фабрика за производство на пиво

Труење во мензата на фабрика за производство на пиво

Неколку работници се затруле со храна во мензата на скопска фабрика за производство на пиво и сокови.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска изврши вонредна инспекциска контрола во мензата, за да ги утврди причините за труењето.

-Од страна на инспекциските служби, земени ќе бидат мостри од храната која се подготвувала и послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата- велат од АХВ.

Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена.