Хроника 26. јули 2018. / 11:32

Тројца тинејџери настрадани во сообраќајка

Тројца тинејџери настрадани во сообраќајка

Патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистерски таблици управувано од А.Т.(19) од с.Дреновци изгубил контрола над возилото и удрил во столб за точење на гориво и метален столб од бензиската пумпа.

Несреќата, велат од полицијата, се случила вчера околу 23 часот на патот Прилеп-Битола на место викано Беровци

-Во незгодата возачот и сопатникот И.Т.(19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т.(19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата Болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.