Хроника 31. мај 2018. / 13:52

Тројца седмооделенци спасија патник од гушење во автобус на ЈСП!

Тројца седмооделенци спасија патник од гушење во автобус на ЈСП!

Вчера околу 15.30 часот во автобусот на ЈСП со број 57 две момчиња и едно девојче, враќајќи се од натпревар по прва помош во Црвениот крст, забележале како еден од патниците што седел во нивна близина не се чувствува најдобро.

Возачот го запрел автобусот и други двајца патници му помогнале на човекот да излезе надвор при што веднаш паднал на земја и почнал силно да се тресе и грчи. Сите патници се обиделе да му помогнат додека да дојде амбулатно возило.

Децата го свртеле човекот во странична положба за да не го голтне јазикот, и му ги отвориле дишните патишта, онака како што учеле на часовите за прва помош.

Од Службата за итна медицинска помош велат дека човекот бил дезориентиран, но контактибилен. Децата правилно му пружиле прва помош, а состојбата била сериозна и пациентот веднаш е пренесен на скопските клиники.