На пазарот „Европа“ во насeлба Шуто Оризари, синоќа шест полициски службеници од Полициската станица Чаир, преземале мерки и активности со цел нормално одвивање на сообраќајот околу пазарот, каде што имало организиран панаѓур.
„При извршување на задачите биле омаловажувани од непознато лице кое управувало автомобил. При обид да го легитимираат, лицето го стартувало возилото и во два наврати со предниот дел удрило во полицајците. После тоа, излегло од возилото и со група непознати лица физички ги нападнале полицајците“ соопшти МВР.
Три лица се приведени и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.