Три лица се повредени, од кои една жена се здобила со потешки повреди во собраќајна несреќа што се случила на локалниот пат с. Турново – с. Иловица.
До инцидентот дошло кога возачот на автомобилот изгубил контрола и удрил во предниот дел од тракторот, кој се движел во спротивна насока.
Во незгодата повредени се двајцата возачи, а сопатничката во тракторот поради тешки повреди со возило на Брза помош била пренесена во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на натанот.