Хроника 28. август 2018. / 11:38

Тројца мигранти откриени во камион на Богородица

Тројца мигранти откриени во камион на Богородица

Тројца мигранти од Авганистан биле откриени во камион на граничниот премин Богородица.

Според информациите на МВР, вчера во 12,10 часот на царинскиот терминал Богородица при преглед на камион „сканиа“‘ со ирански национални ознаки управувано од М.М.(32) во горниот дел на приколката биле откриени тројца мигранти.

„На местото на настанот бил испратен патролен тим од Полициската станица за Граничен премин Богородица по што било констатирано дека се работи за три лица од Авганистан, по што возачот и илегалните мигранти биле приведени во полициската станица Михајлово“, велат од МВР.