Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе известување против тројца малолетници(двајца на возраст од 16 години и еден 14 години) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда“.
На 12.01.2019 во Прилеп пријавените физички го нападнале Д.П.(18) од Велес, при што му нанеле тешка телесна повреда.