Синоќа во 22,45 часот во Полициската станица Драчево, В.З. (42) пријавил дека неговиот 15 годишен син кој заедно со неговите двајца другари, додека седеле во „Парк на бранители“, на улицата „Бранко Заревски“, биле физички нападнати од страна три лица на возраст од околу 18 години, и со закана со нож му биле одземени еден пар очила за сонце.
Се преземаат мери за целосно расчистување на случајот.