Хроника 19. декември 2019. / 13:42

Тројца адвокати во случајот „ТНТ“ казнети со по 2.000 евра

Тројца адвокати во случајот „ТНТ“ казнети со по 2.000 евра

Тројца адвокати вклучени во случајот „ТНТ“ се казнети со по две илјади евра казна заради одолговлекување на постапката на денешното рочиште.

Казнети се адвокатите Боро Тасевски, Мерџан Даути и Дончо Наков. Тие добија казни за навредување на Судот и одолговлекување на постапката на денешното рочиште за судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, познат како случај „ТНТ”.

Адвокатите Даути и Наков не беа присутни на денешното рочиште, поради обврски на други судења, а адвокатот Тасевски, поради откажано полномошно.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.