Хроника 14. октомври 2018. / 11:06

Тригодишно девојче тешко повредено во Битола

Тригодишно девојче тешко повредено во Битола

Вчера во 12.25 часот на улица „7-ми Јули“ во Битола, товарно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, управувано од И.Г.(38) од село Селце, прилепско, удрило тригодишно девојче од Битола.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и итно било пренесено во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот