Во изминатите дваесет и четири часа на подрачјето на општина Крива Паланка се евидентирани вкупно шест пожари. Од нив пет се на отворен простор, а опожарени се шумска вегетација, стрништа и овоштарници.
– Вчера се случија три пожари, од кои два предизвикани од палење стрништа при расчистување на земјоделски површини. Три хектари шума, сува трева и бор се опожарени во пожарот во село Подржикоњ, м.в.Косачи. Пожарот беше пријавен во 09:40 часот утрината, а го гаснеа четворица пожарникари, петмина вработени во ЈП Македонски шуми и седуммина граѓани. Материјалната штета се проценува на околу триесет илјади денари. Вториот пожар е пријавен за запален неисправен плински уред во приватен стан, а во третиот пожар во селото Конопница, кај црквата, опожарен е цел овоштарник со сливи, изјави Коцевски.
Од 4 март досега извршени се 26 интервенции, а над 90 проценти од нив се на отворено