На регионалниот пат Тетово-Пирок во тетовска Голема Речица, се случила сообраќајна несреќа во која учестувале возило „пежо 306“, со тетовски таблици управувано од Ш.Ф.(36) од село Ново Село, тетовско, и „лупо“, управувано од Е.Б.(21) од Тетово, соопштуваат од МВР.
Двете возила лицата ги управувале без возачка дозвола. Во незгодата Р.Ф.(76) од Ново Село, сопатничка во „лупо“ се задобила со тешки повреди, а уште двајца сопатници од двете возила со телесни повреди.
Сообраќајката се случила пред два дена во 22 часот.
Трите повредени лица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.