Хроника 31. октомври 2018. / 14:28

Три лица од Студеничани го претепале обезбедувањето во скопско казино

Три лица од Студеничани го претепале обезбедувањето во скопско казино

Ноќеска околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во казино на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ лицата Ф.А. (32), К.К. (29) и В.Ј. (29), сите од село Студеничани, скопско, физички го нападнале М.Ш. (36) од село Средно Коњари, скопско, вработен како обезбедување во казиното.

По преземени мерки, трите лица биле приведени во Полициската станица Аеродром, додека на М.Ш. му била била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.