Хроника 08. август 2018. / 19:02

Три лица малтретирале и држеле момче заклучено во стан во Гостивар

Три лица малтретирале и држеле момче заклучено во стан во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Т.(22), Н.М.(21), И.Ј.(20), М.С.(19) и уште едно лице на возраст од 17 години, сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 12.07.2018 година околу 22 часот во Гостивар, на улица Гоце Делчев, додека Ф.А. (24) бил на гости во станот на М.С., пријавените физички го нападнале, а потоа го малтретирале и го држеле заклучен во станот се додека забележале дека му се влошува здавствената состојбата, по што го ослободиле.