Хроника 24. декември 2018. / 13:38

Тргнал со пријателот на лов и на крај го застрелал

Тргнал со пријателот на лов и на крај го застрелал

Околу 14,00 часот вчера кај местото викано „Кале“ во атар на село Бањица, велешко, пријавено е дека по завршување на ловот, движејќи се во група, 60-годишниот Д.Н. од населба Чашка, во еден момент испукал со ловната пушка и го погодил во десната нога 54-годишниот С.Д. од Велес.

На повредениот му е укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.