Хроника 21. мај 2019. / 11:50

Трактор се преврти во Сарај – две момчиња повредени

Трактор се преврти во Сарај – две момчиња повредени

Вчера во 18:30 часот на ул.„1“ во село Сарај, скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Ј.С. од истото село, изгубил контрола и се превртел.

Притоа, возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15-годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.