Вчера околу 16.10 часот на крстосница во село Блатец, виничко, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „масеј фергусон“ со штипски таблици управуван од С.Н.(61) од село Блатец и мопед „АПН 6“ исто така со штипски таблици управуван од С.Т.(46) од село Липец, виничко.
Во незгодата С.Т. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата во Кочани е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.