Хроника 26. април 2019. / 13:36

Трагедијата на излез од Битола: Возач починал на лице место

Трагедијата на излез од Битола: Возач починал на лице место

Во 16:30 часот на крстосницата од улиците „Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.З. од Ресен и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака управуван од холандскиот државјанин, 58-годишниот Р.В.

Во незгодата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.